This is a demo store for testing purposes — no orders shall be fulfilled.

За нас

/ За нас

Тимот на PREMIUM APPLIANCES е максимално посветен да стане ваш прв избор при набавка на апарати за домаќинство од врвниот германски бренд BOSCH. Горди сме што создадовме простор во Скопје кој ќе претставува место од каде ќе создавате убави простори во вашите домови. 

Нашата мисија е токму тоа, целосна естетска функционалност на домот со врвни апарати за домаќинство по прифатливи цени и навремена испорака.

Производите на BOSCH се создадени да ви пружат премиум задоволство при нивното секојдневно користење. Во нашиот продажен салон ви ги нудиме сите видови на апарати за домаќинство на BOSCH кои ви се потребни во домот. Дополнително, за сите вас вршиме и ексклузивни нарачки на производни линии кои не се наоѓаат во продажба во нашата земја.

Нашиот продажен тим има долгогодишно искуство и префинети сетила за вашата потреба од квалитетни апарати за домаќинство кои ќе бидат во прифатливи рамки на вашиот семеен буџет. Истовремено, во соработка со нашите партнери ви стоиме на располагање за финансирање на вашите планови за опремување на вашиот дом.

Без разлика дали сте во потрага по нов фрижидер, машина за перење или шпорет, PREMIUM APPLIANCES е тука за вас да ви пружи најдобра можна корисничка услуга. Дозволете ни да бидеме единственото место од кое ќе ги купувате сите апарати што ви се потребни во вашиот дом.

Посетете го нашиот продажен салон на улица Орце Николов 202 во Карпош, Скопје. 
 
X